Петте меча од денешните Квоти на денот ако се одиграат заедно, прават вкупен коефициент од 64.83.
Првиот предлог е дуелот од јапонскиот Куп на императорот меѓу Висел Кобе и Нагано. Висел Кобе е голем фаворит на овој натпревар и предлогот е да се одигра на голови на домаќинот. За играта Висел Кобе да постигне меѓу еден и три гола и во првото и во второто полувреме, квотата изнесува 2.10.
Индонезија и Палестина ќе одиграат пријателски натпревар, на кој се очекува домашната селекција да не загуби, а притоа да бидат постигнати најмногу два гола. За играта 1Х&0-2 квотата изнесува 2.35.
Најмала е квотата за мечот од плејофот за пласман во првата јужноафриканска лига меѓу Марицбург јунајтед и Кејптаун спарс. За играта да има најмногу еден гол и во првото и во второто полувреме, квотата е 1.95.
Дуелот меѓу Гвинеја и Египет претставува дерби во квалификациите за пласман на африканскиот Куп на нациите. И двете селекции си обезбедија настап на континенталното натпреварување, а денеска ќе играат за првото место во групата Д. За играта Египет да не загуби и да има повеќе голови во второто полувреме, квотата изнесува 2.45.
Најголема е квотата за последниот предлот и тоа е дуелот од полуфиналето од завршниот турнир во Лигата на нациите меѓу Холандија и Хрватска. Квота од 2.75 се добива ако одиграте дека двете репрезентации ќе постигнат гол, а притоа ќе има најмалку по еден гол и во првото и во второто полувреме.