Квотите на денот кои за денеска ги подготви обложувалницата Sport Life се за пет меѓународни клупски натпревари, три од квалификациите за европската Лига на шампиони, а по еден од јужноамериканските Копа Либертадорес и Копа Судамерикана.
За петте предлози заедно, вкупната квота е одлична и изнесува 73.92.
Првиот меч во Квотите на денот е Раков – Копенхаген, а квотата за играта дека во двете полувремиња ќе има од еден до три гола е 2.15.
Множите со 2.35 доколку на Глазгов ренџерс – ПСВ Ајндховен двата тима дадат гол и во двете полувремиња падне барем по еден гол.
За Антверп – АЕК се предлага да уплатите дека АЕК нема да победи, но и двата тима ќе дадат гол, за што квотата е 2.55.
Победа на Боливар над Интернасионал во меч на кој ќе има гол во првото полувреме исто така во Sport Life носи квота од 2.55.
Последниот предлог е за дуелот на Коринтијанс и Естудијантес. Ако верувате дека Аргентинците не можат да победат во Бразил и притоа дека на мечот ќе паднат 2-4 гола искористете ја квотата од 2.25 за оваа комбинација.