Петте квоти на денот во Sport Life носат вкупен коефициент од 46.53 (Фото)

Петте предлози во Квотите на денот на Sport Life се од пет различни европски лиги кои веќе започнаа или денеска ја стартуваат новата сезона. Ако сите пет предлози ги одиграте заедно на еден тикет, вкупната квота која ќе ја добиете е одлична и изнесува 46.53.

Првиот предлог е од првото коло во втората германска лига меѓу Кајзерслаутерн и Сент Паули и тука предлогот е да се одигра на голови. За играта да биде постигнат барем еден гол во првото полувреме и барем три на целиот меч, квотата изнесува 2.15.

Најмалата квота е од чешкиот шампионат и дуелот меѓу Жлин и Спарта Прага и изнесува 1.90. Таа се добива ако одиграте дека ќе има помеѓу еден и три гола и во првото и во второто полувреме.

Следните три предлози имаат идентична квота, 2.25. Во Данска, Вејле го пречекува шампионот Копехаген за кого се очекува да не загуби, но и двата тима да постигнат гол.

Во австриската Бундеслига, Салцбург на гости ја започнува одбраната на титулата. Шампионот иако гостува кај Алтах, е фаворит за триумф. Квота од 2.25 се добива ако се одигра дека Салцбург ќе оствари сигурна победа, два во два и дека ќе има најмалку два гола на мечот.

Последниот предлог е од хрватскиот шампионат каде Истра 1961 игра против шампионот Динамо Загреб. Динамо по поразот во првото коло, сега е апсолутен фаворит и предлогот на Sport Life е да одиграте на голови, односно дека „Модрите“ ќе постигнат барем еден гол во првото полувреме и најмалку два гола на целиот натпревар.

- Оглас -

Најнови вести