Денешната саботна понуда на Sport Life содржи пет квоти на денот за кои вкупниот коефициент изнесува 57.94, а поединечно, сите квоти се од 2.00 нагоре, и се посветени на мечеви од квалификациите за ЕВРО 2024.
Првиот предлог е за мечот Шкотска – Кипар, да одиграте дека во првото полувреме ќе има барем еден гол, а на крај дека ќе има три или повеќе погодоци. Оваа комбинација носи квота 2.00.
Победа на Швајцарија на гостувањето на неутрален терен во Нови Сад против Белорусија, со водство на Швацарците и на полувреме, во меч со 2-5 гола, во Sport Life носи квота од 2.15.
Турција е фаворит на гости против Ерменија, па делува дека може да биде добитна и квотата од 2.20 за играта оти Турците ќе дадат два или повеќе голови, од кои барем едниот во првото полувреме.
За средбата на Шпанија и Норвешка, имате одлична квота од 2.45 дека Црвената фурија во двете полувремиња ќе дадат од еден до три гола.
Последната квота е и најголема од сите пет денешни квоти на денот. Добивате квота од 2.50 за Хрватска да не загуби од Велс, и притоа двата тима да дадат гол на овој меч во Сплит.