Петте натпревари кои се дел од денешните Квоти на денот во Sport Life се со коефициент 2.05 или поголем и ако ги одиграте заедно на еден тикет, ќе добиете одличен вкупен коефициент од 46.78.
Првиот предлог е од дуелот од Премиер лигата меѓу Нотингам форест и Арсенал. Арсенал со последното коло ја прекина серијата од три натпревари без победа со триумф од 5:0 над Кристал палас и предлогот на Sport Life е да се одигра на голови на Топчиите. За играта Арсенал да постигне меѓу еден и три гола и во првото и во второто полувреме, квотата изнесува 2.20.
Во швајцарскиот шампионат, лидерот на табелата Јанг бојс го пречекува Ивердон и е апсолутен фаворит за триумф. За играта „кец во кец“ и да има меѓу два и шест гола, квотата е 2.30.
Брајтон во последните две кола во Премиер лигата одигра без голови и за очекување е да ја прекине оваа мини-серија против Лутон. Квота од 2.20 се добива ако се одигра дека Брајтон ќе постигне два или три гола на овој натпревар.
На Африканскиот куп на нациите, во осминафиналето ќе играат Мароко и Јужна Африка. Мароканците, кои на последното СП во Катар го освоија четвртото место, се фаворити за победа и предлогот на Sport Life е да се одигра на нивна победа, а притоа да биде постигнат барем еден гол во второто полувреме. Квотата за оваа игра изнесува 2.05.
Последниот предлог е од дерби-пресметката меѓу Астон вила и Њукасл. Првиот дуел сезонава на овие два тима заврши со триумф на Чавките од 5:1 и за очекување е и вечерва да има голови. Предлогот на Sport Life е да се одигра дека Астон вила нема да загуби, а притоа и двата тима ќе постигнат гол. Квотата за оваа игра изнесува 2.05.