Петте меча во Квотите на ден носат примамлива вкупна квота од 72.96 (Фото)

Петте предложени натпревари во Квотите на денот во Sport Life ако се одиграат сите заедно на еден тикет, прават вкупен коефициент 72.96.

Првиот предлог е белорускиот шампионат меѓу Шахтјор Солигорск и Слутск. Домаќинот кој ја освои титулата минатата сезона, новата сезона ја започна со минус од 35 бода поради казната од белоруската фудбалска федерација, е голем фаворит против Слуткс. За играта, домашниот тим да слави и на натпреварот да има помеѓу три и пет гола, квотата изнесува 2.45.

Домаќинот е апсолутен фаворит и на вториот меч, но тука предлогот е да се одигра на голови. Сент Патрик го пречекува последнопласираниот тим во ирската Премиер лига, УЦД и се очекува домаќинот да постигне помеѓу еден и три гола и во првото и во второто полувреме. Квотата за оваа игра изнесува 2.00.

И третиот предлог е од ирскиот шампионат, и тоа дербито на колото меѓу Дандалк и Шамрок роверс. Тука исто така предлогот е да се одигра на голови, но дека ќе има помеѓу еден и два гола и во првото и во второто полувреме, а квотата изнесува 2.75.

Најмала е квотата за дуелот од прелиминарката рунда за пласман во квалификациите за ЛШ меѓу Будуќност и Бреидабик и изнесува 1.90. Овој коефициент се добива ако одиграте дека ќе има барем еден гол во првото полувреме и најмалку три гола на целиот натпревар.

Последниот предлог пак го има најголемиот коефициент и тоа 2.85. Велез Сарсфилд го пречекува Арсенал Саранди во аргентинскиот шампион во натпревар на кој се очекува домаќинот да не загуби, а притоа двата тима да постигнат гол.

- Оглас -

Најнови вести