Петте предлози на Sport Life носат вкупна квота од 48, тука се Барселона, Јунајтед, Порто, Борусија (Фото)

Денешните пет предлози на Sport Life во Квотите на денот се со вкупен коефициент од 48.60.

Борусија Дортмунд по трилер победата од 4:3 во претходното коло во Бундеслигата, сега е идеален тим за игра на голови. Милионерите му гостуваат на Мајнц и тука предлогот е да се одигра на голови, односно да има најмалку еден гол во првото полувреме и најмалку три на целиот натпревар. За играта 1+I&3+ квотата изнесува 1.90.

Баер Леверкузен го пречекува Бохум и е благ фаворит на овој меч на кој се очекува да има и голови. Квота од 2.20 се добива ако одиграте Фармацевтите да не загубат, а двата тима да постигнат гол.

Порто е апсолутен фаворит во полуфиналето од португалскиот Лига куп против второлигашот Академико Висеу. Бидејќи квотата за „кец“ e мала (1.11), предлогот на Sport Life е да се одигра на голови на Порто и за играта гигантот да даде најмалку еден гол во првото полувреме, а најмалку три гола на целиот натпревар, квотата изнесува 1.95.

Манчестер јунајтед се наоѓа само на еден чекор од пласман во финалето на Лига купот и ја има фаворитската улога во првиот меч против Нотингам форест. Навивачите на Јунајтед очекуваат триумф на нивните миленици, а ако се обложите во Sport Life, имате одлична квота од 2.25 за „двојка“ и да се постигне барем еден гол во второто полувреме.

Барселона и Реал Сосиедад играат меѓу себе во четвртфиналето на Кралскиот куп и каталонскиот тим е фаворит, а за овој натпревар квотата е најголема од петте предлози. За играта 1& 2-4, квотата изнесува 2.65.

- Оглас -

Најнови вести