Петте предлози во Квоти на ден можат да донесат убава добивка

Петте меча од денешните Квоти на денот се од квалификациите за ЕП 2024, и ако се одиграат заедно, прават вкупен коефициент од 57.81.

Првиот предлог е дуелот кој ќе се игра во Подгорица меѓу Црна Гора и Унгарија. Предлогот на Sport Life е да одиграте на голови и за играта за има помеѓу еден и три гола и во првото и во второто полувреме, квотата изнесува 2.35.

Норвешка во Осло ќе ја брка првата победа во квалификациите за ЕП 2024 и тоа против Шкотска. За играта Норвешка да не загуби и притоа да бидат постигнати помеѓу два и четири гола, квотата изнесува 2.05.

Во една од дерби пресметките се среќаваат Белгија и Австрија и Црвените ѓаволи ја имаат фаворитската улога. Квота од 2.40 се добива ако одиграте дека Белгија ќе постигне барем еден гол во првото полувреме и најмалку два гола на целиот натпревар.

Најголема е квотата за дуелот што ќе се игра во Тирана помеѓу Албанија и Молдавија и изнесува 2.50. Таа се добива ако се одигра дека Албанија ќе слави и притоа ќе бидат постигнати најмалку по еден гол и во првото и во второто полувреме.

Најмала е квотата за натпреварот Португалија – БиХ на кој домашната селекција е апсолутен фаворит. За играта 1-1 & 2-5 квотата изнесува 2.00.

- Оглас -

Најнови вести