Петте предлози во Квоти на ден можат да донесат убава добивка (Фото)

Петте меча во денешните Квоти на ден ако се одиграат заедно, прават вкупен коефициент од 45.20.

Првиот предлог е дуелот од женското Светско првенство меѓу Канада и Република Ирска. Предлогот на Sport Life е да одиграте на голови и за играта да има барем по еден гол и во првото и во второто полувреме, квотата изнесува 2.00.

Најголема е квотата за вториот предлог кој е од рускиот куп меѓу Оренбург и ЦСКА Москва и изнесува 2.50. Оваа квота се добива ако одиграте дека ЦСКА Москва нема да загуби и дека во второто полувреме ќе бидат постигнати повеќе голови.

Еден од најинтересните дуели во второто квалификациско коло за пласман во Лигата на шампионите ќе се игра на Кипар каде Арис Лимасол го пречекува Бате Борисов. За играта Арис да не загуби и да има најмногу два гола на целиот натпревар, квотата изнесува 2.10.

Лудогорец ја пречекува Олимпија Љубљана во квалификациите за ЛШ и тука се очекуваат голови. Предлогот на Sport Life е да одиграте дека ќе има помеѓу еден и три гола и во првото и во второто полувреме, а квотата за оваа игра изнесува 2.05.

Последниот предлот е од шампионатот на Исланд и дуелот меѓу Стјарнан и Фрам Рејкјавик. Домаќинот е фаворит на овој меч и предлогот на Sport Life е да се одигра Стјарнан да победи и да има барем по еден гол и во првото и во второто полувреме. Квотата за оваа игра изнесуа 2.10.

- Оглас -

Најнови вести