Петте натпревари кои се дел од денешните Квоти на денот во Sport Life ако се одиграат заедно на еден тикет, прават одличен вкупен коефициент од 48.76.
Првиот предлог ја има најмалата квота која е единствена под 2.00 и изнесува 1.85 и е од холандската Втора лига. Карактеристично за Втората холандска лига се головите и за дуелот меѓу Јонг Утрехт и Јонг Ајакс, предлогот на Sport Life е да се одигра дека ќе бидат постигнати барем два гола во второто полувреме.
Најголемата квота е од Серија А и мечот меѓу Рома и Калјари и изнесува 2.60. Римската волчица има две победи во двата меча под водство на новиот тренер Даниеле де Роси и е фаворит за трет триумф во низа во Серија А. Квота од 2.60 се добива ако се одигра 1-1 & 2+.
Колото во Ла Лига ќе биде затворено со дуелот на Столе Димитриевски и Рајо Ваљекано, кој ја пречекува Севиља. Севиља е најголемо разочарување во Ла Лига и се наоѓа само еден бод над опасната зона и вечерва нема да ја има фаворитската улога. Предлогот на Sport Life е да се одигра дека Рајо Ваљекано нема да загуби и притоа ќе бидат постигнати меѓу два и четири гола.
Манчестер сити му гостува на Брентфорд и е голем фаворит да ги освои бодовите во последниот меч од 23-тото коло во Премиер лигата. Тука предлогот на Sport Life е да се одигра на победа на Манчестер сити и притоа да бидат постигнати барем по еден гол и во првото и во второто полувреме. Квотата за оваа игра изнесува 2.05.
Последниот предлог е од аргентинскиот Лига куп, каде што ќе се сретнат Тигре и Бока јуниорс. Предлогот на Sport Life има квота од 2.30, која се добива ако се одигра дека Бока јуниорс нема да загуби, а притоа биде постигнат барем еден гол во првото полувреме.