Петте натпревари кои се дел од денешните Квоти на денот во Sport Life се со коефициент 1.95 или поголеми и ако ги одиграте заедно на еден тикет, ќе добиете одличен вкупен коефициент од 52.38.
Во турскиот Куп играат Бешикташ и второлигашот Ејупспор и овој предлог ја има најголемата квота. Бешикташ, кој во Суперлигата игра многу послабо од очекувањата на своите навивачи, е голем фаворит против второлигашот и предлогот на Sport Life е да одиграте на сигурна победа на домаќинот и притоа да има меѓу два и пет гола.
И во Шпанија исто така се играат натпревари од Кралскиот куп, најинтересен е тој меѓу Хетафе и Севиља и тука предлогот на Sport Life е да се одигра на голови. Квота од 2.15 се добива ако се одигра дека ќе бидат постигнати барем по еден гол и во првото и во второто полувреме.
Јувентус е апсолутен фаворит во дуелот со Сасуоло, со кого се затвора колото во Серија А и поради тоа предлогот е да се одигра дека триумфот на Старата дама ќе биде зачинет со три до шест гола. Квотата за оваа игра изнесува 2.30.
Во Белгија се игра вистинско дерби во четвртфиналето на Купот меѓу конкурентите за титулата, Гент и Бриж. Тука предлогот е да се одигра дека барем едно од двете полувремиња ќе заврши „гол-гол“, а квотата за оваа игра изнесува 2.05.
Најмала квота има последниот предлог, кој е од ФА купот, и тоа средбата меѓу Бристол сити и Вест хем. За играта Чеканите да не загубат и притоа да биде постигнат барем еден гол во првото полувеме, квотата изнесува 1.95.