Петте предлози во Квотите на денот нудат можност за одлична добивка (Фото)

Во денешните Квоти на денот има пет интересни натпревари од европските лиги кои ако ги одиграте заедно на еден тикет, ќе добиете вкупен коефициент од 47.40.

Фенербахче го пречекува Ризеспор и предлогот на Sport Life е да се одигра дека домаќинот нема да загуби, а притоа и двата тима ќе постигнат гол. За оваа комбинација, квотата е 2.10.

Најмалата квота е од натпреварот од Бундеслигата меѓу Фрајбург и Аугсбург и тука предлогот е да се одигра на голови. За играта да има меѓу еден и три гола и во првото и во второто полувреме, квотата изнесува 1.90.

Најинтересниот меч денеска во Серија А ќе се игра во Бергамо меѓу Аталанта и Јувентус. Квота од 2.25 се добива ако одиграте дека Јувентус ќе постигне барем еден гол во првото полувреме.

Рома по убедливиот пораз од Џенова во претходното коло, денеска нема друга опција освен победа во дуелот со Фросиноне и затоа предлогот на Sport Life е да се одигра на голови. За играта Рома да даде барем еден гол во првото полувреме и да постигне барем два гола на целиот меч, квотата изнесува 2.20.

Најголема е квотата за дуелот меѓу Атлетико Мадрид и Кадис и изнесува 2.40. Таа се добива за сигурна победа на Атлетико, односно за „кец во кец“ и да бидат постигнати барем два гола на целиот натпревар.

- Оглас -

Најнови вести