Екипата на Ваљадолид продолжува со катастрофалните игри и го забележа петтиот пораз во серија, овојпат од Кадис со 2-0 на гостински терен.
Дерби-дуелот за опстанок во шпанската Примера беше решен во самиот финиш. Резултатот го отвори Бонгонда во 70-тата минута.
Истиот фудбалер во 76-тата минута стави печат на победата со погодок од пенал.
Кадис со победата се искачи на 14-тата позиција со 38 бодови, четири повеќе од Гетафе во опасната зона. Ваљадолид е една позиција над црвената зона со само бод предност пред Гетафе, кој има и меч помалку бидејќи утре на домашен терен игра против испаднатиот Елче.