Петтолигаш го елиминира францускиот гигант од Купот, па следуваа сцени за паметење (Видео)

Францускиот петтолигаш Бургуен Жалие ја направи една од најголемите сензации оваа сезона, ако не и најголемата, откако во 1/16-финалето од Купот го елиминира Лион на пенали. Бургуен имаше водство од 1-0, потоа губеше со 1-2, но успеа да израмни, а потоа и да мине во следната фаза на пенали.

Триесет и осумгодишниот Софијан Атик го реализира последниот пенал, а потоа следуваа сцени за паметење. Навивачите втрчаа во теренот за да ја прослават најголемата победа во историјата на клубот заедно со своите миленици.

- Оглас -

Најнови вести