Четвртолигаш од Лихтенштајн стана интернет сензација, го „прегази“ и Базел

Фудбалот секогаш испишува неверојатни приказни, а една таква доаѓа од една од најмалите држави во Европа, Лихтенштајн. Во фокусот е тимот на Белзарс, мал клуб од истоименото градче кое има само 4.642 жители.

Кнежеството Лихтенштајн е четвртата најмала земја во Европа со малку повеќе од 40.000 жители. Оваа земја нема своја фудбалска лига, а поради поврзаноста која ја има со Швајцарија, клубовите од Лихтенштајн се натпреваруваат во лигите на Швајцарија. Единствено 100 отсто домашно натпреварување е Купот, натпреварување кое се одржува од 1945 година и на кое клубовите обезбедуваат излез во европските купови.

Вадуз е најуспешниот фудбалски клуб во Лихтенштајн кој моментално се натпреварува во Челенџ лигата во Швајцарија (втора по ранг). По Вадуз, втор најуспешен клуб е Балзерс, кој сега е светска интернет сензација, а тоа не е поради остварените резултати.

Овој клуб е основан во далечната 1932 година и моментално игра во петтата лига во Швајцарија, каде што се наоѓа на шестото место на табелата со 23 бода. Во изминативе неколку дена Балзерс на социјалните мрежи доживеа неверојатна популарност и сега тој е најпопуларниот фудбалски клуб на „Инстаграм“ и „Тик-Ток“, надминувајќи го дури и швајцарскиот гигант Базел.

Оваа интернет сензација започна на 28 декември благодарение на аргентинскиот Тик-Ток инфлуенсер Вален Скарсини, кој има повеќе од половина милион следбеници. Тој објави видео на кое побара да се обедини фудбалската заедница и некој мал клуб да го направи да биде голем на социјалните мрежи.

Изборот паднал на Балзерс, кој само пред четири дена имал едвај 1.000 следбеници на социјалните мрежи, а потоа брзо да го надмине Вадуз, најпопуларниот тим од Лихтенштајн (13.000 следбеници), па дури и швајцарскиот Базел, кој има над 262.000 следбеници на „Инстаграм“.

Mалиот клуб од Лихтенштајн ја надмина бројката од 300.000 следбеници. Едноставно, аргентинскиот инфлуенсер кој ја започна оваа акција покажа колкава е моќта на оние кои имаат влијание на социјалните мрежи, па сега Швајцарија и Лихтенштајн имаат тим кој е во четвртата лига и доаѓа од место со помалку од 5.000 жители, а има над 300.000 следбеници на „Инстаграм“ и таа бројка константно расте.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by SRF Sport (@srfsport)

- Оглас -

Најнови вести