24.8 C
Skopje
понеделник, 15 септември 2025

ПИФ тргнува во нова офанзива на купување на великанот

Јавниот инвестициски фонд од Саудиска Арабија кој што пред речиси една година го купи Њукасл, тргнува во нова офанзива за да го купи и Интер.

Според информациите од Италија, овој јавен фонд е подготвен да издвои 1.2 милијарди евра за да го откупи тимот од Милано кој во овие моменти е под сопственост на Сунинг.

Ова е втора офанзива на директорите на ПИФ за да го купат Интер, откако пред неколку месеци беа одбиени, но, сега понудата е значително поголема.

Со Њукасл тие прават одлична работа и веќе доведоа неколку големи засилувања, а последно беше Александар Исак кој што беше ангажиран за 70 милиони евра.

- Оглас -

Најнови вести