Поранешната светска шампионка во седмобој Јунис Барбер (49 години) се здоби со полесни повреди откако човек во алкохолизирана состојба ја удрил во воз, објавија француските медиуми.
Барбер го замолила човекот дали може да зборува потивко додека таа зборувала на телефон, а тој двапати и удрил тупаница во лицето.
https://twitter.com/info_Paris_IDF/status/1772674426464551133
Полицијата го уапсила човекот кога возот застанал на станицата Garde du Nord во центарот на Париз.
Јунис Барбер во својата кариера има освоено пет медали на Светските првенства во атлетика. Таа на СП 1999 година, кое се одржа во Севиља, Шпанија, го освои златниот медал во седмобој, додека на СП во Париз 2003 година стана светска шампионка во скок во далечина.