Пијан човек претепал поранешна светска шампионка во атлетика бидејќи го замолила да зборува потивко

Поранешната светска шампионка во седмобој Јунис Барбер (49 години) се здоби со полесни повреди откако човек во алкохолизирана состојба ја удрил во воз, објавија француските медиуми.

Барбер го замолила човекот дали може да зборува потивко додека таа зборувала на телефон, а тој двапати и удрил тупаница во лицето.

 

Полицијата го уапсила човекот кога возот застанал на станицата Garde du Nord во центарот на Париз.

Јунис Барбер во својата кариера има освоено пет медали на Светските првенства во атлетика. Таа на СП 1999 година, кое се одржа во Севиља, Шпанија, го освои златниот медал во седмобој, додека на СП во Париз 2003 година стана светска шампионка во скок во далечина.

- Оглас -

Најнови вести