Пијаните навивачи што беа исфрлени од трибините биле најмени за да го провоцираат Новак?!  (Фото)

Мечот од второто коло на Отвореното првенство на Австралија меѓу Новак Ѓоковиќ и Енцо Куако помина во сенка на четворицата пијани навивачи кои постојано го провоцираа и го навредуваа српскиот тенисер.

Нивните провокации отидоа толку далеку што Ѓоковиќ мораше да побара од главниот судија да интервенира и да ги избрка четворицата навивачи од трибините. На крајот тоа и се случи, а во тие моменти, фановите на Новак забележаа еден момент околу кој се крена прашина и може да прерасне во поголем скандал. Тие се сомневаат дека провокаторите биле најмени за да го исфрлат Ѓоковиќ од ритам.

Како доказ тие објавуваат фотографии на кои се гледа дека во моментите кога обезбедувањето им објаснува на провокаторите дека мора да си заминат, ним им приоѓа човек кој има акредитација на вратот и се ракуваше со еден од нив.

„Сликата вреди илјада зборови, на неа се гледа човек со акредитација како се поздравува со еден од четворицата провокатори. Кој е тој? Има акредитација. Зошто им честита за таквото однесување? Дали ова се најмени хулигани како што беше на Ролан Гарос“, се прашуваат фановите на Новак на социјалните мрежи.

Организаторот засега молчи, но фановите бараат да се открие идентитетот на лицето кое имаше акредитација и кое се поздрави со провокаторите.

- Оглас -

Најнови вести