ПИК ги собра бодовите во Сегедин, за Вардар станува опасна серијата од четири порази (Видео)

ПИК Сегед го победи Вардар со 34:31 во меч од седмото коло во А групата од Лигата на шампионите и сега серијата од четири порази на двојниот европски првак станува опасна.

Унгарците ги добија двете полувремиња, првото со 17:15, а продолжението со 17:16 и освоија вредни бодови во битката за првите две места во групата што водат директно во четвртфиналето во Лигата на шампионите.

И на двете страни имаше моменти за историја, а за нас убав момент беше 17-тата минута од првото полувреме, кога Тимур Дибиров со гол од пенал стигна до илјада погодоци во Лигата на шампионите.

Пред него се само Кирил Лазаров, Никола Карабатиќ и Момир Илиќ, сега и со Дибиров, како единствениот квартет ракометари што ја минале границата од 1.000 голови.

https://twitter.com/ehfcl/status/1461404936281939972?s=20

Домаќините со победа се простија од својата сала и го одиграа последниот меч во неа, пред преселбата во новиот објект.

Тонесен со девет гола беше најефикасен на мечот, а Фримел беше веднаш зад него со 8, па дуото на ПИК Сегед искомбинира над половина голови за домаќините.

Кај Вардар, Мартин Томовски беше одличен со 13 одбрани, Дибиров даде седум гола и сега има 1.004 во ЛШ, а Гаџа и Ѓукиќ погодија по шестпати.

ПИК Сегед со 10 бода е на третото место во А групата, зад Монпелје и Кил со по 11. Вардар е на шестото место со пет бода, а тоа е и последната позиција што води во осминафиналето во Лигата на шампионите.

 

 

- Оглас -

Најнови вести