Холанѓанецот Кристијан Кист воодушеви на Светското првенство во пикадо откако успеа да направи ретко виден најн-дартер, односно со најмал број фрлени стрелки (само девет), да успее да стигне од 501 до нула.
Се играше одлучувачкиот петти лег од првиот сет кога Холанѓанецот со првите седум фрлања успеа да погоди троструко 20, па потоа да погоди троструко 19 и двојно 12. Со тоа Кист успеа да го освои првиот сет со 3:2, но, за негова жал, на крајот го загуби мечот од Литванецот Мадарс Разме со 3:1 во сетови.
Кист со направениот најн-дартер инкасира 60.000 фунти и стана само 13-ти пикадо играч кој успеал во историјата на Светските првенства да направи ваков подвиг.
Кога се случи најн-дартерот, навивачите во салата буквално спобудалеа од радост. Ретко на кој спорт може да се види ваква радост за еден потег на натпреварувач.
🚨 KIST HITS A NINE-DARTER! 🚨
Christian Kist hits a nine-darter! 👏
Incredible scenes at Ally Pally! 🤯
📺 https://t.co/pIQvhqYxEj#WCDarts | R1 pic.twitter.com/1NFk4M4xvs
— PDC Darts (@OfficialPDC) December 18, 2024