Барселона не успеа да победи на свој терен против Наполи и одигра само 1:, во првиот меч од плејофот во Лигата на Европа. Каталонскиот гигант губеше по првото полувреме, а во вториот дел со гол од пенал стигна до 1:1.
Иако по средбата, домашните фудбалери беа испратени со свирежи, еден од најискусните во Барселона, Жарарт Пике, е полн со оптимизам, па дури најавува дека каталонскиот гигант може да ја освои и Лигата на Европа.
„Одигравме многу добар меч. Можевме да постигнеме 3,4 па дури и пет гола. Тие само еднаш се заканија и дадоа гол. Најлошото од денешниот меч е резултатот. Знам дека луѓето свиреа и негодуваа, но јас мислам дека одигравме супер натпревар. Мислам дека ако продолжиме да играме вака, може да ја освоиме Лигата на Европа“, рече Пике.