Жарарт Пике беше дел од првата екипа на Барселона 14 сезони, а првите фудбалски чекори ги направи во академијата на Каталонците пред да се пресели во Манчестер јунајтед. Важи за една од најголемите легенди на гордоста на Каталонија, а на еден поткаст гостуваше кај колекционер кој има околу 7.000 фудбалски дреса.
Во еден момент здогледа дрес од Барселона и прокоментира дека тоа е дресот од времето кога почнувал да игра за академијата на клубот, но на грбот беше испишано името на Луиш Фиго. Веднаш ја снема насмевката од лицето и го остави дресот бидејќи Португалецот се смета за еден од најголемите „предавници“ во историјата на клубот поради трансферот од Барселона во Реал Мадрид во 2000 година.
https://www.tiktok.com/@classicfootballshirts_/video/7483200564419890454?referer_url=sportsport.ba%2Ffudbal%2Fbarcelona-gerard-pique-luis-figo-dres-reakcija-video%2F495018&refer=embed&embed_source=121374463%2C121468991%2C121439635%2C121433650%2C121404359%2C121497414%2C121477481%2C121351166%2C121487028%2C73347567%2C121331973%2C120811592%2C120810756%2C121503376%3Bnull%3Bembed_share&referer_video_id=7483200564419890454