Пике е виновен што Де Лихт не потпиша за Барса, туку за Јуве

Еден од најталентираните дефанзивци на светот, Матајс де Лихт, летоска премина во Јувентус, иако се сметаше дека Барселона е фаворит за неговиот потпис. Според „Мундо депортиво“, кој е близок до каталонскиот клуб, вината што Холанѓанецот не заврши во Барса наводно е кај Жарарт Пике.

Пике и Де Лихт се сретнале на летување на Бахамите и случајно престојувале во истиот хотел, а таму Шпанецот му советувал на младиот Холанѓанец дека подобро би му било ако се пресели во италијанскиот првак. Се додава и дека Пике во непријателски тон му порачал на Де Лихт дека не треба да потпише за Барселона.

Медиумите шпекулираат дека Пике се исплашил за своето место во тимот, па затоа му рекол на Де Лихт дека нема да биде добредојден таму.

- Оглас -

Најнови вести