Поранешниот фудбалер и капитен на Барселона, Жарарт Пике, со разговор со Ибаи Љанос на „Твич“ беше прашан за ситуацијата на клубот од Барса, а како што е вообичаено за него, зборуваше без влакна на јазикот и го критикуваше фактот дека се дадени лажни надежи за потенцијалот на тимот со оглед на актуелната економска ситуација, која спречува големи инвестиции.
„На некои фанови на Барса треба да им се каже вистината, каква и да е. Не ја знам моменталната ситуација на клубот, но изгледа дека не е баш добра. Ако клубот навистина нема пари, што можете да направите во Лигата на шампионите? Или изјавите од типот „Ќе го потпишеме Халанд“. Тоа е кул, но како да го направите тоа кога немате пари? Секогаш треба да ја кажуваш реалноста за тоа што се случува“, вели Пике, кој смета дека Барса иднината треба да ја гради врз младите од клупската школа.