Пике и Гриeзман во паника си разменија сочни пцовки на „Камп ноу“ (Видео)

Жарар Пике и Антоан Гриезман си разменија по некоја пцовка на „Камп ноу“, а паника во редовите на Барселона имаше уште при резултат од 1:1 во поразот од 1:4 против расположениот гостин од Париз.

Пари Сен Жермен ги декласира домаќините со три гола разлика, а дека нешто не штима кај шпанскиот гигант, потврди и жешката конверзација меѓу Пике и Гриезман во 38-мата минута.

„Дајте да ја задржиме топката подолго во посед. Ова е пекол, ни треба да се ослободиме од притисокот“, ги советуваше Пике своите соиграчи.

Гриезман се обиде да го смири, но конверзацијата прерасна во конфликт, па имаше и пцовки. Пике на крајот му забележа дека дефанзивците трчаат како луди за да ги сопрат Мбапе и останатите опасни офанзивци на ПСЖ, на што Гриезман одговори со: И јас трчам исто како и ти.

Во продолжение од мечот беше уште полошо за Барселона, расположениот Килијан Мбапе беше вистинска енигма за домаќините, постигна уште два гола и со хет-трик и буквално ја здроби Барселона.

Реваншот ќе се игра на 10 март во Париз, а на Шпанците им треба победа од четири гола разлика за да се пласираат во четвртфиналето во ЛШ, можат да победат со 4:1 за да се изборат за продолженија или да слават со три гола и притоа да постигнат најмалку пет гола.

 

- Оглас -

Најнови вести