Во Шоанија, децата конечно добија дозвола да ги напуштат домовите, па многу родители одлучија да ги извадат децата на свеж воздух и да се прошетаат со нов после шестнеделен карантин. Меѓу тие родители кои излегоа надвор со децата беа и фудбалерот на Барселона, Жерард Пике, и неговата сопруга, колумбиската пејачка Шакира.
Пике и семејството уживаа во прошетката по сончевото време, но она што ги изненади навивачите на Барселона, е што синот Милан, не носеше дрес на каталонскиот клуб, туку на Баерн Минхен. Дефанзивецот на Барса носеше дрес од НБА тимот Филаделфија 76 ерс.
Останатите фанови им забележаа на Пике и Шакира за тоа што не ги почитуваат препораките и што се шетаат без маски, ризикувајќи можеби да се заразат самите, или нивните деца.