Пике им фати сеир на Реал Мадрид и на весникот „Марка“ (Фото)

Познато е дека во Барселона повеќе се радуваат на неуспесите на Реал Мадрид отколку на победите на Барса, па така и Жерард Пике е во таа група Каталонци, кои уживаат во секоја прилика кога ривалот ќе потфрли. Пике често се шегува на сметка на Реал, така беше и синоќа.

Тој објави слика од вест на весникот „Марка“, во која мадридските новинари во насловот прашуваат: „Кој број на дрес ќе го носи Мбапе?“, откако беа убедени дека тој ќе се пресели во Кралскиот клуб, и понудија три варијанти. Одговорот на прашањето кој број ќе го носи Мбапе, даде Пике. Тој напиша: „7“.

До трансфер на Мбапе од ПСЖ во Реал не дојде, Катарците не одговорија на понудите, па Мбапе ќе ја одработи и последната сезона од својот договор со Светците, и ќе го носи дресот со бројот 7.

 

- Оглас -

Најнови вести