Барселона ја игра една од најлошите сезони во последните две-три децении и само по 16 одиграни меча, веќе заостанува 18 бодови зад најголемиот ривал Реал Мадрид. Од почетокот на пандемијата, Барселона се најде во тешка финансиска криза, а потоа дојде и резултатската криза.
По повеќе од 20 години, тимот не успеа да ја помине групната фаза во Лигата на шампионите и сега ќе продолжи во Лигата на Европа. Беше направена смена на тренерското место. Роналд Куман си замина, а дојде Чави Ернандес, но играта и резултатите не се променија на подобро.
Шпанските медиуми најавуваат дека се очекува еден од најискусните фудбалери, Жарарт Пике да најави крај на кариерата, и тоа на крајот од оваа сезона. Каталонскиот „Ел Национал“ вели дека Пике решил да се пензионира на 34 години, иако има договор што го обврзува да остане на „Камп ноу“ до 2024 година.
Пике е фудбалер кој потекнува од школата на Барселона, но потоа замина во Манчестер јунајтед, каде што помина три сезони, а потоа во 2008 година се врати во каталонскиот клуб, со кого ги освои сите најзначани трофеи.