Барселона сезонава е најефикасен тим во Европа, често ги меле своите противници како што тоа го правеше и Баерн Минхен кога тренер им беше Ханси Флик кој сега е на клупата на Барса, а легендата на Каталонците, Жерард Пике, сепак мисли дека актуелната Барса е послаба од таа кога тој играл.
„Многу ми се допаѓа како игра Барселона. Фактот што има многу млади играчи кои се дојдени од школата Ла Масија ги прави навивачите да се чувствуваат идентификувани со овој состав. Тие се гладни за успех, имаат многу талент. Мислам дека Барса е поталентиран тим од Реал Мадрид, но младоста и неконстантноста на играњето на натпревари на секои три дена е прилина што се за Реал на табелата. Мадрид е поконстантен, има позрели играчи кои знаат добро да се натпреваруваат“, изјави Пике.
Некогашниот капитен беше во Барса кога тимот освојуваше и по шест трофеи во една сезона.
„Колкумина од сегашните би имале место во мојата Барса? Бев таму многу години, а ако мислите на онаа генерација што ја освои тројната круна, шесте титули, таа Барса беше многу, многу силна. Би рекол еден од најдобрите тимови во историјата. Не знам колкумина би играле, би рекол неколку. Точно е дека е штета да не ги користиш Ламин, Кубарси или Рафиња кои сега играат на одлично ниво, но во таа Барса на тие позиции беа Меси, Пујол или кој и да е, Виља, Анри или Ето… Зборуваме за многу, многу врвни играчи. Сегашниве имат квалитет, но им фалат големи титули“, смета Пике.