Поранешниот капитен на Барселона, Жерар Пике, смета дека одлуката на неговиот поранешен соиграч Чави Ернандес, кој сега седи на клупата на каталонскиот тим, не е конечна.
Чави неодамна објави дека на крајот од сезоната ќе си замине од Барселона, но Пике смета дека може да дојде до пресврт.
„Не сум сигурен дека одлуката на Чави е конечна. Ајде да почекаме, но јас верувам дека ќе остане. Не комуницирам со него често, зборувавме неколку пати и јас му го посакувам најдоброто на него и на клубот“, изјави Пике.
Дури и каталонските медиуми почнуваат да го менуваат наративот и пишуваат дека постои шанса Чави да ја промени одлуката доколку резултатите на крајот бидат подобри, односно Барселона се пласира во финалето на Лигата на шампионите. Каталонскиот тим во четвртфиналето на елитното натпреварување ќе игра против ПСЖ.