Пике не можеше да одолее после петардата на Барса против Реал, го повтори гестот од 2010 (Видео)

Поранешниот фудбалер и легенда на Барселона, Жерард Пике, синоќа беше среќен што Каталонците му дадоа пет гола на Реал Мадрид во финалето на шпанскиот Суперкуп, па ја искористи приликата да потсети на гестот од 2010 година.

Пике со петката на шеговит начин го провоцираше легендарниот голман на Реал, Икер Касилјас.

Со ова, Пике потсети на неговата рака со пет прсти која ја покажуваше во ноември 2010, во првото Ел Класико на Жозе Мурињо како тренер на Реал. Каталонците и тогаш постигнаа пет гола против најлутиот ривал.

Еве како изгледаше синоќешната прослава на Пике на сметка на Касилјас:

- Оглас -

Најнови вести