Пике: Не сакам во друг клуб, ќе се пензионирам ако Куман ми каже да си заминам

Жерарт Пике речиси цела кариера ја помина во матичниот клуб Барселона иако како тинејџер се пресели во редовите на Манчестер јунајтед. На Островот помина четири години пред да се врати меѓу Каталонците каде оствари блескава кариера исполнета со бројни трофеи.

Веќе 13 години трае неговата сениорска кариера на „Камп ноу“ која ќе се продолжи до јули 2024 година до кога важи договорот на Пике со каталонскиот гигант. Но, доколку Пике во наредниот период биде условуван да си замине, нема да игра за друг клуб, туку најави пензија.

„Не можам да играм за друг клуб, Барселона е мојот живот. Тука ги остварив сите мои соништа како фудбалер, не би можел да се замислам во друг дрес. Доколку Кумна ми каже дека не смета на мене и упрвата планира да ме продаде, нема да заминам, туку ќе се пензионирам“, истакна поранешниот шпански репрезентативец.

 

- Оглас -

Најнови вести