Пике официјално ставен на листата за мечот со ПСЖ, треба ли Куман да ризикува со него?
Столбот на одбраната на Барса се враќа на теренот, но по три месеци неиграње, дали може против Мбапе, Икарди и Кен?

Жарарт Пике е подготвен за враќање на фудбалскиот терен, три месеци по повредата, повторно тренираше нормално со екипата на Барселона и ставен е на листата на кандидати за настап вечерва во осминафиналето од Лигата на шампионите против ПСЖ.
Мислењата на аналитичарите и навивачите се поделени околу темата дали Пике треба да игра. Пике не само што е столб на одбраната на каталонскиот тим, туку и неговото присуство, лидерство и искуство се важни за Барса. Пике е опасен и во напад, има подобра техника од останатите дефанзивци, никогаш не бил елиминиран во осминафинале, осми е на вечната листа по бројот на мечеви во ЛШ и не е спорно дека многу значи.
Но, и тренерот Роналд Куман е свесен каков ризик ќе преземе ако го фрли во оган Пике уште вечерва, по пауза од три месеци. Евентуално обновување на повредата на лигаментите на коленото може да значи и крај на сезоната, па дури и на кариерата на Пике.
Тој не е во натпреварувачки ритам, а потребно е веднаш да го даде максимумот бидејќи ПСЖ има опасно напаѓачко трио со многу брзите Килијан Мбапе и Мојзе Кен, како и Мауро Икарди, кој би требало да добие шанса бидејќи Нејмар е повреден.