Пике предлага укинување на вториот сервис во тенисот!

Поранешниот фудбалер на Барселона и Манчестер јунајтед, Жерард Пике, повторно ја шокира јавноста откако неодамна кажа дека ако некој фудбалски меч заврши 0-0, екипите не треба да освојат по еден бод.

Во 2018 година, Пике, како дел од инвестициската група Космос, склучи голем повеќегодишен договор со тенискиот Дејвис куп, но тој беше прекинат набргу по пандемијата. Пике не ја подигна популарноста на турнирот кој се одржува под покровителство на ИТФ, па во подкатот со Икер Касилјас, проговори за својата визија и за неопходните промени на правилата во тенисот.

„Зошто да има втор сервис во тенисот? Ова додава дополнителни 30 секунди во времетраењето на мечот и тапкање на топчето. Луѓето не сакаат да го гледаат тоа. Исто така не сакаат да гледаат долги гејмови со предност и џусови. Кога резултатот е изедначен 40-40, нека има златен поен. Се обидовме да промениме некои работи, но се покажа дека е невозможно. ИТФ не сака никакви промени. Со Федерацијата раководат стари луѓе кои се плашат од промени. Има статистика дека се помалку луѓе го играат тенисот. Ако не најдеме решение, овој спорт ќе ги загуби своите фанови“, рече Пике.

- Оглас -

Најнови вести