Дефанзивецот на Барселона, Жарарт Пике, по пријателскиот меч на провинцијата Каталонија против Венецуела, кој Каталонците го добија со 2-1, објасни зошто веќе нема да настапува за националниот тим на Шпанија и ќе се фокусира на клупскиот фудбал.
„Ми треба одмор, луѓето треба да го сфатат тоа. Затоа се повлеков. Кога треба да играм за Каталонија, тоа е обврска само од еден ден и не ми е проблем да се појавам. Игравме добро, Венецуела е добар тим, мило ми е што ја израдувавме публиката. Ни фалеа Чави, Фабрегас и други, но ги разбирам и нивните клубови“, вели Пике.
Пике објасни зошто со прстите покажуваше кон публиката да не ја навредуваат Шпанија.
„Треба да се има респект кон секого, затоа реагирав и давав знак да престанат“, објасни Пике.
https://www.youtube.com/watch?v=xvgYSgPTxTw