Поранешниот фудбалер на Барселона, Жарарт Пике, по разделбата со колумбиската пејачка ѕвезда Шакира, стана една од најомразените личнности во Шпанија, а пред неколку дена во Мадрид беше понижен од присутните во ноќен клуб.
Пике не е омилена личност во Мадрид бидејќи играше за најголемиот ривал на Реал Мадрид, а ниту заминувањето во пензија не ги промени работите.
На социјалните мрежи се појави видео од пред неколку дена од ноќен клуб во Мадрид каде што Пике организирал забава и кога се обидел да одржи говор, присустните почнаа да скандираат Шакира, Шакира.
Потоа беше пуштена нејзината песна „Вака, Вака“, која беше химна на СП кое се одржа 2010 година во Јужна Африка и на кое фудбалерот и пејачката се запознаа и ја започнаа љубовната врска.
Piqué ayer fue abucheado y humillado en su propio país mientras asistió a una fiesta en Madrid.
Al subir al escenario las personas le gritaron el nombre de Shakira, a lo que Piqué respondió molesto: “Yo soy campeón del mundo, vosotros no sois nadie”.pic.twitter.com/UowpRnhZgy
— Bruno (@JLOAccess) July 30, 2023
Пике не им остана должен и возврати со навреди.
„Јас сум светски шампион, а вие засекогаш ќе бидете никој и ништо. Вие сте обични марионети“, без зборовите на Пике.
Пике и Шакира минатата година се разделија бидејќи фудбалерот ја изневерувал пејачката со сега актуелната девојка Клара Чиа.