Жарарт Пике е во составот на Барселона за денешното гостување во Памплона, кај Осасуна. Дефанзивецот кој во саботата го играше последниот меч на „Камп ноу“ и речиси 90.000 гледачи го поздравија откако најави повлекување, сепак останува во тимот на каталонскиот гигант, и тоа само за денешниот дуел.
Пике се согласил да биде во составот затоа што Барселона има проблеми со дефанзивниот ред. Повредени се Араухо и Кунде, па Пике треба да биде централен дефанзивец вечерва на жешкото гостување во Памплона.
Ова треба да е и официјално последниот меч за Пике во дресот на Барселона. По денешната средба, за каталонскиот гигант започнува паузата која следува поради Светското првенство во Катар. Барселона следниот меч ќе го има дури на 31 декември, и тоа против градскиот ривал Еспањол, а Пике не е планиран да биде дел од тој натпревар, што значи дека официјалното пензионирање ќе му биде на последниот ден од 2022 година.