Жарарт Пике на гостувањето на Барселона во Памплона беше како турист, не доби шанса да заигра, а згора на тоа доби и црвен картон поради приговор кон судијата Хил Манзано.
Така Пике, кој вечерва дефинитивно се прости од активното играње, кариерата ја заврши на неславен начин, додуша во стилот на славниот Зинедин Зидан, кој исто така доби црвен картон на својот последен меч, и тоа финале на СП.
Прв црвен картон во дресот на Барселона доби и Роберт Левандовски, кому ова му е трето исклучување во кариерата. По едно имаше и во полската и во германската лига.