Жарарт Пике минува низ турбулентен период како во приватниот живот така и на професионално ниво.
По разделбата со Шакира, на искусниот дефанзивец сè му тргна во надолна линија, а последен удар му зададоа Чави и неговата Барселона, која е подготвена да се раздели со него по речиси една и пол деценија.
Сепак, Пике не седи со скрстени раце и го возврати ударот, дури и се закани дека нема да го отстапи местото во почетниот состав дури и ако клубот доведе замена за него.
„Доколку имате храброст, купете го и најдобриот дефанзивец во светот, ќе ви седи на клупа и ќе биде резерва“, е изјавата која ја пренесе каталонскиот весник „Спорт“.
Со изјавата на Пике може да се донесе заклучок дека еден од капитените на Барса не планира да го напушти „Камп ноу“, а уште помалку да ја грее клупата, барем не пред да му истече договорот кој му важи до јуни идната година.