Пике на „Камп ноу“ дојде со велосипед вреден 10.000 евра (Видео+фото)

Еден од најпопуларните играчи во Барселона, Жарарт Пике ги изненади сите откако вчера се појави со својот велосипед на „Камп ноу“. Барселона играше против градскиот ривал Еспањол, а Пике реши на натпреварот да дојде со велосипедот.

Додека сите останати играчи на каталонскиот гигант еден по еден со своите скапи автомобили влегуваа во подтрибинскиот простор на стадионот, Пике „прелета“ со својот велосипед и ги изненади сите.

Велосипедот со кој пристигна Пике не е обичен и вреди дури 10.000 евра. Се работи за електричен велосипед кој овозможува да се развие брзина и над 70 километри на час затоа што има вградено електричен мотор од 16 коњски сили. Полнењето на батеријата на овој велосипед трае само 80 минути, а со едно полнење може да се поминат 130 километри.

 

- Оглас -

Најнови вести