Пике смисли начин како да заработи од трансфер на Меси во ПСЖ

Лионел Меси веќе две недели е играч на Пари Сен Жермен, но Аргентинецот уште нема дебитирано за новиот клуб. Легендарниот фудбалер кој целата досегашна кариера ја помина во Барселона, по повеќе од две децении реши да си замине од каталонскиот гигант.

Неодамнешниот соиграч на Меси, Жарарт Пике, реши да инвестира и да се обиде да заработи пари од трансферот на Меси во ПСЖ. Компанијата „Космос холдинг“, чиј газда е Пике, реши да ги купи телевизиските права за пренос на мечевите од француското првенство во Шпанија.

Проценките на Пике се дека интересот за француското првенство ќе биде голем во Шпанија и дека навивачите ќе сакаат да ги следат натпреварите на ПСЖ за да видат како Меси ќе се снајде во новата средина.

Меси потпиша двегодишен договор со ПСЖ, а се очекува дебито да го има следниов викенд. Компанијата на Пике ги има откупено правата и за мечевите од Серија Б во Италија, а го пренесуваше и финалето од Копа Америка, во кое Аргентина славеше над Бразил на легендарната „Маракана“ во Рио де Жанеиро.

- Оглас -

Најнови вести