Пике смислил револуционарна идеја како мечевите да не завршуваат 0:0

Некогашниот дефанзивец на Барселона, Жерарт Пике, смислил идеја како да се случува фудбалските натпревари да не завршуваат со резултат 0:0. Пике, кој во текот на кариерата имаше цел да го заштити голот на Барселона, сега верува дека натпреварите не треба да завршуваат без погодоци. Доколку такво нешто се случи, екипите би добивале „казна“.

„Нешто мора да се промени. Не може да одиш на стадион, да потрошиш 100, 200 или 300 евра и мечот да заврши 0:0. Мојот предлог е ако натпреварот заврши 0:0, ниту една од двете екипи да не освои ниту еден бод. Во таква ситуација, двете екипи максимално ќе се отворат по 70-тата минута“, рече Пике на гостувањето на поткастот кај Икер Касилјас.

Според актуелните правила, за нерешен резултат, без разлика дали тоа ќе биде 0:0 или 1:1, 2:2…. двете екипи добиваат по еден бод. За победа се добиваат три бода.

- Оглас -

Најнови вести