Поранешниот капитен на Барселона, Жарарт Пике, имаше свој коментар за жалбата на Реал Мадрид за судењето на мечот против Еспањол, кој го загубија со 1-0. Кралскиот клуб преку својата клупска телевизија ги нападна судиите, но имаше и писмо упатено до Фудбалскиот сојуз на Шпанија.
„Ова што го прават не е ништо ново, вака се однесуваат 120 години. Кога ќе загубат, ја менуваат темата и добиваат помош од медиумите. Веќе сме навикнати на тоа“, рече Пике.
Поранешниот шпански репрезентативец беше запрашан и за трансфер-политиката на двата големи ривали.
„Денес во Шпанија играат многу таленти. Барселона ги создава, а Реал Мадрид ги купува“, додава Пике.