Пике затајувал данок и ќе плати казна од 1,5 милиони евра

Дефанзивецот на Барселона Жарарт Пике е казнет со 1,5 милиони евра поради затајување данок. Управата за приходи во Шпанија прво откри дека ексрепрезентативецот на Црвената фурија три години затајувал данок, во 2008, 2009 и 2010, по што беше казнет со 678.000 евра, а откако го загуби спорот со судот мора да плати дополнителни 1,5 милиони евра.

Наводно, и неговата сопруга, познатата пејачка Шакира, исто така е под истрага за затајување данок.

Инаку, Пике е нов на листата фудбалери кои се казнети за затајување данок во Шпанија. Претходно енормни суми платија Кристијано Роналдо, Лука Модриќ, Фалкао, Марсело, како и менаџерот Жозе Мурињо. Еден од ретките, можеби единствен кој не признава, односно не се смета за виновен е Чаби Алонсо, па затоа тој е на суд.

 

- Оглас -

Најнови вести