Пике: Знаев дека Меси ќе го одбере Мајами, таму се зборува шпански!

Легендата на Барселона, Жарарт Пике, во едно интервју кажа дека цело време знаел дека Лионел Меси нема да се врати во Барса и дека ќе замине во Интер Мајами.

„Од првиот ден знаев дека ќе оди во Мајами. Од финансиска гледна точка, понудата од Саудиска Арабија беше неверојатна и не беше лесно да се одбие, но вака ќе си отвори голем пазар во САД. Во Мајами има голема латино заедница, многу се зборува шпански, храната и климата се добри, адаптацијата ќе му биде лесна“, смета Пике.

Меси не е познат како некој што сака да зборува странски јазици. Иако долго играше во Барса, не научи каталонски туку си зборуваше шпански, и тоа со аргентински акцент, а и француски не научи додека беше член на ПСЖ. Неодамна се појави едно видео на кое кажува некој реченица на англиски. Веројатно проценил дека во Мајами освен шпански, повремено ќе му треба и англискиот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести