Пикфорд имаше партија на кариерата, но не можеше да спречи пораз од Манчестер јунајтед (Видео)

Манчестер јунајтед го совлада Евертон со 2-0, но триумфот ќе беше поубедлив ако на голот на Карамелите не беше расположениот Џордан Пикфорд, кој покажа зошто е англиски голман број 1.

Во првото полувреме, Јунајтед имаше дури 22 упатени шутеви кон голот на Пикфорд, а дадоа само еден гол. Добра вест за Манчестер и и враќањето на Кристијан Ериксен кој заигра првпат после долгата пауза. За Евертон кој се бори за опстанок, заврши серијата од четири меча без пораз.

Головите за Црвените ѓаволи ги постигнаа Скот Мектоминеј кој погоди после пауза од 464 дена (и претходниот гол го даде против екипа која ја тренира Шон Дајч), и Антони Марсијал (негов прв гол во 2023 година).

- Оглас -

Најнови вести