Лестер и Евертон играат драматичен меч на кој во полседните 15 минути се влезе со резултат 2:2. Двете екипи се во опасност дека може да испаднат и секој освоен бод им е „злато вреден“.
Во меч кој има многу возбудувања и погодоци, во финишот на првото полувреме беше промашен и еден пенал. Медисон имаше можност да погоди за Лестер и да донесе предност од 3:1, но голманот на гостите, Пикфорд го одбрани неговиот удар.
Медисон реши да шутира по средината од голот, а Пикфорд остана во место и лесно го одбрани овој удар.
Целата ситуација и промашениот пенал може да ја видите ТУКА.
Тоа што е интересно е дека Пикфорд на шишето кое го има покрај себе за пиење вода има запишано информации околу тоа како шутираат пенали противничките играчи. Едноставно Пикфорд очекуваше Медисон да шутира во средината и очигледно дека голманот добро го проучил начинот на кој шутира пенали играчот на Лестер.
Jordan Pickford’s water bottle with James Maddison’s penalty placement on it… pic.twitter.com/s3dmIhZ88C
— Theo (@Thogden) May 1, 2023