Пикси добил понуда да води друга репрезентација за годишна плата од 10 милиони евра?!

Драган Стојковиќ Пикси, селекторот на Србија, веднаш по враќањето во земјата поради раната елиминација од Европското првенство доби понуда од неименувана репрезентација во вредност од 10 милиони евра. Ова ексклузивно го објави „Блиц“, еден од најчитаните медиуми во Србија, кој наведува дека името на таа репрезентација се чува во тајност, но дека дефинитивно му понудила на Стојковиќ договор со наведената огромна сума.

Пикси инаку е под големи критики во Србија поради неуспехот на репрезентацијата под негово водство на уште едно големо натпреварување. Србија не успеа да ја помине групата на ЕВРО 2024.

Во конкуренција со Англија, Данска и со Словенија, неговата селекција освои два бода и беше последнопласирана во групата. За време на настапот на Европското првенство и по него беа откриени низа афери кои ја потресоа јавноста. Од обвинувања на сметка на Пикси дека бил пијан, преку незадоволството на капитенот Душан Тадиќ поради тоа што не беше стартер, па до тоа дека голманот Вања Милинковиќ-Савиќ се степал во кафуле.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести