Пикси е веќе минато, Србија го бара неговиот наследник: Четворица кандидати за нов селектор на Србија

Репрезентацијата на Србија доживеа голем неуспех на Европското првенство во Германија, елиминација во првата фаза од турнирот, што доведе до огромно незадоволство, а тоа ќе значи и отказ за селекторот Драган Стојковиќ-Пикси.

Поради разочарувачките резултати на ЕП, јавноста во Србија веднаш почна потрага по неговиот наследник, а медиумите откриваат дека постојат четири кандидати за нов селектор на српскиот национален тим.

Водечки кандидат за наследник на Пикси на селекторската позиција е Славиша Јокановиќ, кој во кариерата ги има предводено Фулам, Вотфорд, Партизан.

Во трката за нов селектор се и Владимир Ивиќ, Мирослав Ѓукиќ и Саво Милошевиќ.

 

- Оглас -

Најнови вести